Стејт департментот на САД ја најави посетата на специјалниот претседателски пратеник во Украина

Се наведува дека Келог ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција и ќе ги посети седиштата на НАТО и ЕУ во Брисел, каде што ќе разговара со европските сојузници за нивната подготвеност да соработуваат со САД во завршувањето на  Руско-Украинската војна и враќањето на стабилноста во Европа

-

Специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, ќе патува во Германија, Белгија и Украина од 13 до 22 февруари за да разговара со сојузниците на САД за начини за завршување на војната на Украина, пренесува Укринформ.

Се наведува дека Келог ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција и ќе ги посети седиштата на НАТО и ЕУ во Брисел, каде што ќе разговара со европските сојузници за нивната подготвеност да соработуваат со САД во завршувањето на  Руско-Украинската војна и враќањето на стабилноста во Европа.

Во Киев, Келог планира да се сретне со претставници на украинската влада и „граѓани кои храбро издржаа речиси три години војна“. „Специјалниот претседателски пратеник Келог е посветен на спроведувањето на тешката дипломатија што ќе биде потребна за да се постигне целта на претседателот,“ соопшти Стејт департментот.

Келог исто така објави на социјалнат мреажа Икс за своето патување во Европа со цел да разговара за начини за завршување на војната во Украина.

„Заминувајќи за Европа за да се сретнам со сојузниците и партнерите кои се подготвени да соработуваат со САД за остварување на целта на претседателот Трамп – завршување на војната во Украина и враќање на стабилноста во Европа,“ напиша Келог.

„Очекувам продуктивни состаноци за да ги забрзаме работите,“ додаде тој.

Како што претходно објави „Укринформ“, украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп се договориле за време на телефонски разговор веднаш да започнат работа меѓу нивните тимови. Приоритетите вклучуваат состаноци меѓу украинската страна и државниот секретар на САД Марко Рубио, советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц и потпретседателот на САД Џ. Д. Венс.

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата,...