fbpx

Ставридис: Итно да се вакцинираат сите невакцинирани против морбили

-

Родителите да ги проверат вакциналните картони на децата и ако имаат пропуштено вакцинација – да ја направат. Во исто време, ако кај децата се појави осип проследен со температура, родителите веднаш да се јават кај матичните педијатри, апелира д-р Катерина Ставридис, епидемиолог во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Деновиве, епидемиолозите се подготвуваат за работа на терен, ќе ги едуцираат родителите и матичните доктори како да постапуваат за да се зголеми колективната имунизација, објасни Ставридис во изјава за „Мета“.

– Сите вакцинални тимови се повикуваат, а и на матичните доктори им е најавено да ги проверуваат картончињата. Апелираме да се направи проверка на вакциналните картони и сите деца кои подлежат на вакцинација, да ги примат потребните вакцини. Морбилите се контагиозно (заразно) заболување и децата се, нормално, под ризик. Сега и докторите повеќе ќе мислат на морбилите, секој осип со треска и температура ќе се проверува лабораториски, како што и веќе се практикува. Во врска со епидемијата, нема нови случаи освен познатите седум, но сепак, во текот на денот ќе ажурираме податоци и сè што е ново ќе го објавуваме на веб-страницата – вели д-р Ставридис.

Инаку во Скопје 15.000 деца на возраст до 14 години се невакцинирани со вакцина против морбили, однносно мали сипаници. Како што за „Мета“ вчера изјави Владимир Микиќ, директорот на Институтот за јавно здравје, родителите треба добро да се информираат за последиците и компликациите кои може да настанат.

– Бројката на невакцинирани е голема заради антиваксерите и нивните кампањи се базирани на погрешни информации. Јавноста треба да знае дека според статистиките на светско ниво, едно на 1.000 деца ќе добие воспаление на мозокот како компликација од болеста, а едно или две деца на 1.000 ќе почине како резултат на компликации од мали сипаници – потенцира директорот на ИЈЗ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...