fbpx

Ставрески: Законот за плаќање придонеси е правичен

-

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, уште еднаш го потврди ставот на Владата дека законот за плаќање придонеси за хонорарите ќе стапи на сила од 1 јануари, обави „А1 он“.

Според Ставрески, не било правично рудари и шивачки во конфекција со по 12.000 плата да плаќаат здравствено и пензиско, а некој со ист хонорар да не плаќа. Ставревски ги спомна земјите каде оваа одредба е на сила и истакна дека со оваа мерка и хонорарците ќе имаат статус на осигуреници.

– Мерката за плаќање придонеси за хонорарците ќе почне да се применува од идната недела бидејќи е добра и правична мерка. Тоа е добра мерка зашто ќе обезбеди социјална заштита за луѓето кои примаат хонорари да влезат во системот на здравствена заштита, но и да овозможат пензиски стаж. Дека е добра мерка потврдува и фактот што речиси во сите европски земји, почнувајќи од Германија, Чешка, Белгија, Данска, ја има истата мерка на идентичен начин. Мерката е и правична и ќе овозможи правично на хонорарот да придонесат во системот за здравствено осигурување и нема ниедна причина шивачките и рударите кои примаат по 12.000 денари плата да плаќаат здравствено, а некој кој преку хонорари остварува да не плаќа – рече Ставрески.

Хонорарците кои се засегнати од законот најавија и нови протести зошто мислат дека мерката на Владата е само за да се наполни испразнетиот пензиски фонд и директно им се зема од заработката.

Синдикатите предупредија дека со оваа мерка им се даваат одврзани раце на газдите да им го трансформираат работниот однос на работниците од редовен во хонорарен ангажман.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...