fbpx

Ставрески: Не би било добро кога сите исто би размислувале

-

Три часа по прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на која беа пуштени аудиоснимки од разговорите на министрите Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска, прес-конференција одржа вицепремиерот и министерот за финансии, Ставрески, на која даде отчет за сите владини успеси во економијата.

За веродостојноста на аудиoснимките што Заев ги објави денеска, Ставрески рече дека нема да ги коментира и ќе ги остави институциите на државата да си ја завршат работата.

– Заради карактерот и природата на снимките кои се стекнати, креирани и со кои се располага незаконски, во оваа фаза јас не можам да коментирам за нешто што ќе има, јас верувам, правна разврска. Кога институциите на системот ќе ја завршат својата постапка, ќе се дојде до одговор за сите факти  – вели Ставрески.

Ставрески рече дека македонската економија не е пред крах, ниту била во ситуација да не може да се снајде со предизвиците. Тој дебатата што се води во владата за важните економски прашања ја спореди со фудбалски натпревар и рече дека најважно е да се дојде до резлтат кој би бил најдобар за граѓаните на Македонија.

– Луѓето во Владата имаат различни мислења. Министрите имаат некогаш различни мислења. Ние сите тие мислења ги ставаме на маса, ги дебатираме, ги разменуваме аргументите, се сослушуваме, секој има своја позиција, секој ги изнесува своите аргументи. Некогаш таа дебата може да биде пожолчна, некогаш е помирна, некогаш трае со денови, некогаш трае со часови, но на крајот единствено и заедничко од сè е дека низ фаза на аргументи се избира најдоброто решение за граѓаните на Македонија. На таков начин, секогаш ги решававме работите во интерес на граѓаните и ги утврдувавме приоритетите на Владата. Убеден сум дека дебатата е единствениот здрав пристап да се носат решенија и да се води една економска политика. Не би било добро кога сите исто би размислувале. Добро е да се разменат мислења, да се има некогаш различни ставови – рече Ставрески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...