Фатмир Бесими
Фатмир Бесими фото: Мин. за финансии

Од денеска до 30 април компаниите и самостојните вршители на дејност ќе можат до Управата за јавни приходи да поднесат апликација за финансиска подршка за исплата на платите на вработените, за месеците февруари и март годинава, според донесениот петти пакет антикризни мерки. Вкупната финансиска помош од буџетот која е обезбедена за оваа цел изнесува 1,9 милијарди денари или 31 милион евра. Со овие пари треба да им бидат исплатени платите на околу 60.000 вработени, објасни на денешната прес конференција министерот за финансии, Фатмир Бесими.

„Финансиската поддршка ќе биде во распон од 14.500 денари до 21.776 денари, во зависност од прикажаните приходи во трите последни месеци, пред февруари. Поточно, оние кои прикажале намалени приходи меѓу 30 и 40 отсто, ќе можат да аплицират за плати од најмногу 14.500 денари по работник, за намален приход меѓу 40 и 50 отсто за плати од 15.955 денари, за помалку приход меѓу 50 и 60 отсто, до 17.410 денари, од 60 до 70 отсто намален приход за плата од 18.865 денари, од 70 до 80 отсто помал приход, 20.320 денари плата и за над 80 отсто намален приход можат да добијат средства за исплата на максимална плата до 21.776 денари по вработен“, рече Бесими.

Тој додаде дека враќањето на средствата ќе почне од 15 февруари следната година, а 50 отсто од парите можат да се претворат во грант, ако корисниците ги инвестирале во нови инвестиции и развој. Инаку, досега преку МБПР за бескаматни кредити се исплатени 145 милиони евра за над 20.000 компании со  повеќе од 36.000 работници. Владините мерки за финансиска поддршка на компаниите, според него, осчигледно даваат резултати, економските последици од ковид кризата се ублажени, падот на економијата во 2020 се амортизира и достигна 4,2 отсто.

Дирејкторката на УЈП, Сања Лукаревска посочи дека за февруари плата немаат исплатено 3.774 фирми за 9.947 вработени, а за март 14.998 компании за 54.662 вработени. Таа додаде дека, на барањата за финансиска поддршка за плати од петтиот пакет мерки, кои ќе ги достават компаниите заедно со пресметките, УЈП ќе одговори во рок од 5 дена. Компаниите треба претходно да немаат исплатени дивиденда и награди, како и просечната плата по вработен заклучно со декември 2020 да не била повисока од 39.000 денари. Тоа не се однесува за фирми од туристичко угоститескиот сектор, за оние кои подготовкуваат храна и за транспортни претпријатија. До 50 отсто од финансиската помош ќе треба да се почне да се враќа на две рати, од февруари идната година, а таа може да се претвори и во грант под посебни услови. Во врска со даночните измени со 5 пакет мерки, Лукаревска рече дека, ако фирмата има претпрено штети од ковид пандемијата, ќе има ослободување од данокот на личен доход за месеците февруари и март 2021, а занаетчиите ќе плаќаат паушал од 50 отсто, зависно од доходот остварен во 2020.