Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска ја отвори кампањата „Мај – Месец на Европа“, на настан каде присуствуваа амбасадорите од европските земји, меѓународните партнери и претставници на институциите.
Целта, како што наведуваат од Владата, е месец мај да стане заедничка платформа за промоција на процесот на европска интеграција и да се доближи до граѓаните, покрај традиционалното годишно одбележување на Денот на Европа на 9 мај.
Сали, во својот говор, порача дека фокусот на кампањата е ставен врз конкретните придобивки од членството во Европската Унија, вклучувајќи можности за младите, развој на инфраструктурата и поддршка на локалната економија
Од Владата информираат, дека во текот на месец мај ќе бидат организирани разни активности и ќе се промовираат успешните приказни поддржани од проекти од Европската Унија.
Во спроведувањето на кампањата учествуваат Владата, академската заедница, невладиниот сектор и културните институции, со цел европската агенда да се доближи до граѓаните.
