Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Објавата е од 4 декември 2024 година, непосредно по периодот во кој Баербок беше во нова посета на Кина, но видеото што се споделува со невистинитиот опис е од 2023 година. Наспроти изнесеното во објавата, ни во 2023 ни во 2024 година при посетите на Баербок таа не била „избркана заедно со новинарите“, пишува Вистиномер во текстот кој го пренесуваме во целост

-

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија Чин Ганг. Видео материјалот е од средба којашто Баербок ја имала со Ганг на 14 април 2023 година, како што може да се види од фотографиите од настанот објавени на бројни светски медиуми тој ден и деновите кои следуваа потоа.

Дека видеото од објавата што ја рецензираме е од настанот во Пекинг од 14 април 2023 година може да се види од споредбата на ентериерот, облеката што ја носат двајцата политичари, флоралните аранжмани, поставеноста на знамињата (споредба меѓу видеото од објавата што ја рецензираме овде и инсерти од одржаната средба во 2023 година овде).

Меѓутоа, во објавата што ја рецензираме, се споделува ова старо видео во период кога германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок беше во нова, повторна посета на Кина од 2 декември 2024 година (официјалното соопштение од посетата која се одржа на 2 декември 2024 година може да го видите овде) и се тврди:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок избркана како џукела од прес салата… Можат да и делат лекции и кажуваат вицови на Северџганија, но на кинезите НЕ!

Објавата е од 4 декември 2024 година, непосредно по периодот во кој Баербок беше во нова посета на Кина, но видеото што се споделува со невистинитиот опис е од 2023 година. Ни во 2023 ни во 2024 година при посетите на Баербок таа не била „избркана заедно со новинарите“ наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме.

Објавата доаѓа по посетата на Баербок на Кина која се случи на 2 декември 2024 година, кога таа го предупредила нејзиниот кинески колега Ванг Ји во Пекинг, дека поддршката на Пекинг за Русија ќе влијае на односите и врските меѓу Германија и Кина. Од нејзиниот кабинет ја соопштија оваа порака откако шефицата на германската дипломатија се сретна со својот колега Ванг Ји во Пекинг во период кога Берлин се обидува да изгради подобри врски со Кина, истовремено обрнувајќи внимание и на клучните разлики меѓу двете држави.

Во 2023 година, пак, кога Баербок беше во посета на Кина, не се сретна со Ванг Ји, туку со поранешниот министер за надворешни работи на Кина Чин Ганг. Тој се наоѓа и на видеото од објавата што ја рецензираме. Евидентно од медиумските извештаи од тоа време, службата протоколарно само покажува со рака на министерката по завршувањето на прес-конференцијата.

На средбата од 2023 година Баербок ја предупреди Кина да ги деескалира тензиите околу Тајван, предупредувајќи дека војната во регионот би имала катастрофални последици за целиот свет. На 2 декември 2024 година и Кина имаше официјално соопштение за посетата на Баербок и во неа не се наведува ништо од невистинитите факти во објавата што ја рецензираме за „наводното исфрлање на Баербок од прес-салата заедно со новинарите“.

Германската министерка за надворешни работи и порано беше мета на дезинформации поврзани со нејзините официјални посети на Кина, но и со обиди за нејзина лична дискредитација. Вистиномер ги дебанкираше овде и овде.Поради сите горенаведени факти објавата што е рецензирана Вистиномер ја оценува како невистина.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...