Старо видео од протест во Истанбул, споделено како ново по нападот врз Рафах на 26 мај

Станува збор за видео од пропалестинските демонстранти во Истанбул во октомври 2023 година, при што објавата која ја анализираме го споделува како нова снимка од 27 мај, по израелските напади во Газа минатиот месец, пишува Вистиномер

-

Турските медиуми не објавија за ниту еден протест пред конзулатот на Израел во Истанбул по воздушниот напад на Рафах на 26 мај. Новинската агенција Демирен на 27 мај објави дека антиизраелска група извикувала слогани пред американскиот конзулат во јужниот турски град Адана, пишува Вистиномер.

Текстот го споделуваме во целост:

Анализираме објава на Фејсбук која споделува видео од наводен напад врз израелскиот конзулат во Истанбул, ден по нападот на израелската војска врз Рафах.

Турција: демонстранти го запалија израелскиот конзулат во Истанбул. Ердоган ја губи контролата врз Константинопол?, стои во објавата.

Нашата проверка покажа дека станува збор за видео од пропалестинските демонстранти во Истанбул во октомври 2023 година, при што објавата која ја анализираме го споделува како нова снимка од 27 мај, по израелските напади во Газа минатиот месец.

Видеото е споделено два дена откако израелскиот воздушен напад на 26 мај предизвика пожар во шаторски камп во Рафах, при што загинаа најмалку 45 цивили. Израел соопшти дека цел на нападот биле двајца високи оперативци на Хамас, а не цивили.

Сепак, видеото датира најрано од октомври 2023 година.

Една од најраните објави е на 17 октомври 2023 година од Кендин Мухабир, во чијшто опис на профилот на социјалната мрежа Икс стои дека е граѓански новинар. Натписот на турски јазик што го придружува видеото вели:

Толпата која се собра да протестира против Израел го запали израелскиот конзулат во Истанбул!, пишува Ројтерс.

Истата зграда со квадратните прозорци и висококатницата зад неа, кои се гледаат во видеото, може да се видат на фотографија објавена од Ројтерс на 17 октомври 2023 година заедно со описот:

Огномет експлодира додека пропалестинските демонстранти се собираат во близина на израелскиот конзулат во Истанбул, Турција за време на протестот откако стотици Палестинци беа убиени во експлозија во болницата Ал-Ахли во Газа за која израелските и палестинските власти се обвинуваа меѓусебно.

Слични протести предизвикани од експлозијата во болницата Ал-Ахли се одржаа во најмалку десетина турски градови таа ноќ.

Турските медиуми не објавија за ниту еден протест пред конзулатот на Израел во Истанбул по воздушниот напад на Рафах на 26 мај. Новинската агенција Демирен на 27 мај објави дека антиизраелска група извикувала слогани пред американскиот конзулат во јужниот турски град Адана.

Од сето ова можеме да заклучиме дека видеото прикажано во објавата која ја анализираме покажува пропалестински демонстранти во Истанбул во октомври 2023 година, а не во мај 2024 година. Поради тоа можеме да оцениме дека на објавата е погрешна.

hubmk

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...