fbpx

Старец од Гостивар уапсен за продажба на кокаин

-

Министерството за внатрешни работи го уапси 73-годишниот М.А. од Гостивар поради сомнеж дека неовластено произведувал и пуштал во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

„Пријавениот, од засега непознато лице, албански државјанин, презел наркотична дрога кокаин со намера да ја транспортира и да ја предаде на лице во Австрија, со што би стекнал противправна имотна корист од 700 евра. Во периодот од 12 до 18 август, М.А. остварил средба со лицето во Гостивар, при што му била предадена црна патничка торба, во која била сместена наркотичната дрога кокаин и 350 евра, а другите 350 евра требало да му бидат дадени од лицето во Виена, по успешниот меѓународен транспорт“, информираат од МВР.

Пронајдената прашкаста материја е доставена до одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР, при што утврдено е дека се работи за 580 грама кокаин.

Судија на претходна постапка по поднесената кривична пријава на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...