fbpx

Стара вест за убиство во Албанија се пренесува како да е нова, поттикнувајќи етничка омраза

-

Кога ќе се отвори веста споделена во состав на објавата на Фејсбук, може да се види дека станува збор за убиство кое се случило пред две години во Албанија. Загрижувачки е што во веста споделена во состав на постот се нагласува етничката припадност на жртвите, со што се поттикнува верска и етничка омраза, а притоа не се посочува каде се случило убиството, па впечатокот е дека се случило во државава. Ново во овој случај е дека осомничениот за двојното убиство на своите братучеди во Албанија бил уапсен, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Пост на Фејсбук ја манипулира јавноста пласирајќи стара вест за убиство во Албанија како да е нова. Уште позагрижувачки е што во веста споделена во состав на постот се нагласува етничката припадност на жртвите, поттикнувајќи верска и етничка омраза, притоа не посочувајќи каде се случило убиството, па така се добива впечаток дека тоа се случило во државава.

Во објавата се вели:

Албанците беа пpoнајдени мpтви, а Даниел им пpecудил откако го малтретирале…

Споделениот текст во состав на текстот, пак, го има следниот наслов:

Двајцата АЛБАНЦИ беа пpoнајдени мpтви – Даниел ги yби откако го мaлтpeтираа за парцелите за kaнаbис, им пресуди на своите братучеди

Кога ќе ја отворите веста, ќе сфатите дека станува збор за убиство кое се случило пред две години во Албанија. Новo во овој случај е што полицијата, по две години, го уапсила Даниел Пепај, осомничен за убиството на неговите братучеди Вилсон Кутај и Клемент Пепај.  Но, насловот упатува на тоа дека Македонец убил двајца Албанци оти го малтретирале, а всушност, братучед си ги убил братучедите.

Очигледно е дека објавата има за цел да ја манипулира јавноста и дека со нагласувањето на етничката припадност на жртвите, намерата е да се поттикне омраза. Целта на постот е да привлече што повеќе кликови. Во случајов, едноставно можело да информира дека е уапсен осомничениот за двојното убиство во Албанија кое се случило пред две години.

Поради сето ова, заклучуваме дека на објавата ѝ недостига контекст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...