fbpx

Стара фотографија од Нов Зеланд прикажана како нова од Охрид

-

Нашата проверка покажа дека фотографијата, на која се гледа тркало од автомобил на паркинг, со прикачена т.н. канџа, првпат се појавила на социјалната мрежа Твитер во 2016 година и дека според описот, истата е направена е во Нов Зеланд, а не во Охрид, како што се тврди во објавата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук преку стара фотографија, која не е направена во С.Македонија, шири лажна вест дека „скопјанец им оставил спомен тркало на охриѓани“. На фотографијата е прикажано тркало од автомобил на кое е прикачена т.н. канџа, поради неплатено паркинг место.

Нашата проверка покажа дека фотографијата првпат се појавила на социјалната мрежа Твитер во 2016 година и дека според описот, истата е направена во Нов Зеланд, а не во Охрид.

Само во Нов Зеланд. Кога ќе ве стегнат, но имате резерва во задниот дел, стои во описот на фотографијата.

Фотографијата може да се најде и на Пинтерест, а доколку ја пребарате на веб-страницата TinEye, за истата ќе пронајдете 162 резултати.

Истата фотографија е објавувана и во Македонија во 2018 година на сајтот Мотика.

Со цел да се увериме дека фогографијата не е направена во Охрид, Вистиномер се обрати и во ЈП „Билјанини извори“ од Охрид, од каде ни изјавија дека во Охрид воопшто не се употребуваат т.н. канџи за автомобили.

Имајќи ги предвид сите овие факти, можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме е невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...