fbpx

Стапката на невработеност падна за 3,2 отсто за една година и изнесува 16,6 отсто

-

Во Македонија се намалува бројот на невработените, а се зголемува на вработените. Тоа го покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика, од добиените резултати на Анкетата за работна сила за четвртото тримесечје од 2019 година. Според нив, активното население во Македонија изнесува 968.604 лица, од кои вработени се 807.362, а 161.242 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 57,5, стапката на вработеност 47,9, додека стапката на невработеност изнесува 16,6.

За споредба, бројот на вработените во четвртото тримесечје од 2018 година изнесувал 771.806, а во истиот период од минатата година се зголемил на 807.362. Бројот на невработените, пак, се намалува, од 185.803 лица во четвртото тримесечје од 2018 година, на 161.242 во истиот период од минатата година. Или, тогаш стапката на невработеност изнесувала 19,4, а лани во 4-то тримесечје била 16,6 или паднала за 3,2 отсто. Истовремено, стапката на вработеност се зголемила, од 45,9 отсто во 4. тримесечје од 2018, на 47,9 отсто во истиот период минатата година односно за два отсто.

Стапката на невработеност е највисока кај младите на возраст меѓу 15 и 24 години и таа изнесува 35,1, а по нив се невработените на возраст меѓу 25 и 49 години, каде е пресметана стапка на невработеност од 16,4.

Од вкупниот број на вработени, 807.362, дури 616.024 се во приватниот сектор, а најголем број работници, 395.608, се со четири годишно средно образование. По нив се вработените со високо образование, 199.297. Слична е ситуацијата и со невработените. Од вкупно евидентирани 161.242 невработени, 71.914 се со четири годишно средно образование, а 34.869 со основно.

Преработувачката индустрија ангажира најмногу работници, или 161.007, потоа трговијата на големо и на мало, 114.243 и земјоделство, шумарство и рибарство каде во четвртото тримесечје лани биле евидентирани 104.064 вработени. Статистиката избројала најмалку вработени во дејностите на екстериторијални органи и тела, 1.915, и во дејностите во врска со недвижен имот, 4.093 вработени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...