ССНМ: Заканите кон новинарите во Тетово не запираат, институциите се на потег

Станува збор за повеќе форми на притисок врз колеги чија безбедност е сериозно нарушена и доколку не се преземат соодветни мерки може да ескалира и да дојде и до насилство врз новинарите

-

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека серијата закани што им се случуваат на новинарите од Тетово во последниот период, а истите се главно мотивирани од написи и текстови во кои се инволвирани лица од политиката добива сериозни размери и дека е вистинско време да се реагира.

Станува збор за повеќе форми на притисок врз колеги чија безбедност е сериозно нарушена и доколку не се преземат соодветни мерки може да ескалира и да дојде и до насилство врз новинарите.

Пријавените закани до ССНМ од страна на колегите од Тетово делумно се отворени, а дел се прикриени и пософистицирани, но и тие се подеднакво опасни. Имено, истите тешко се докажуваат, органите на редот ретко по нив постапуваат, а носат ризик од напади, и потоа од несогледливи последици по здравјето и животите на оние што извршуваат професија од јавен карактер и имаат улога на заштитници на јавниот интерес и демократските процеси во државата.

ССНМ е загрижен и има основа да верува дека заканите освен од поединци се креирани и како координирана акција на центри на моќ кои во обид да ги замолчат новинарите користат закани кои лесно и брзо може да се прелеат во насилство.

Затоа Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги повикува локалните власти, подрачните единици на Министерството за внатрешни работи, но и политичките субјекти да делуваат превентивно и да помогнат во сузбивање на зачестената и алармантната појава.

Заклучокот од работниот состанок што ССНМ го имаше во Тетово со колегите новинари и медиумски работници е дека е потребна сериозна внимателност поврзана со заканите и притисоците врз новинарите од овој регион, особено земајќи го предвид фактот дека се ближат локални избори, кои секако се настан кој ги зоврива страстите и при кои според сите податоци растат нападите и заканите кон новинарите.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...