ССНМ: Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите

Сиљановска Давкова, во забелешка на начинот на комуникација и поставувањето на прашања на новинарот Боби Христов, говореше дека не било пристојно да се говори за луѓе што не се присутни на ТВ дебата и искористи квалификации „фрустрирачки“, „малициозно“ и „не личи на новинар“

-

Непримерни беа оценките на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во гостувањето во емисија на „Телма“, реагира денеска Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. ССНМ преку реакција до медиумите, остро реагира и искажува загриженост од моделот на однесување кон новинарите на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова која при гостувањето на емисијата „ВинВин“ на ТВ Телма на 15 мај 2025 година искажала сериозни навреди кон колегата Боби Христов притоа користејќи недолични зборови за функцијата која ја извршува.

„Сиљановска Давкова, во забелешка на начинот на комуникација и поставувањето на прашања на колегата Христов говореше дека не било пристојно да се говори за луѓе што не се присутни на ТВ дебата и искористи квалификации „фрустрирачки“, „малициозно“ и „не личи на новинар“. Претседателката ја коментираше емисијата Топ Тема која на почетокот од оваа седмица беше емитувана на истиот медиум, а во која уредникот Боби Христов на гостите им постави прашање „колку е погорда Македонија со Гордана Силјановска Давкова една година на претседателската функција“. ССНМ се сложува со претседателката Сиљановска Давкова дека медиумите и новинарите влијаат на перцепцијата на јавноста, но укажува дека оценката на работата на новинарите и медиумските работници која е јавна треба да биде со внимателно одбрани и издржани зборови, а не со лични квалификации за тоа дали некој личи или не личи на новинар, односно дали е фрустриран и малициозен“, пишува во писмената реакција од ССНМ.

Оттаму потсетуват дека развиеноста на едно демократско општество се мери и по разбирањето на улогата на медиумите во него, како и по прагот на толеранција кон критика кој го имаат функционерите, а кој по правило треба да биде повисок со оглед на тоа што вршат јавна функција.

„Загрижува фактот дека оваа изјава доаѓа само неколку недели по извештајот на Репортери без граници, според кој падот на Македонија на индексот за слобода на медиуми е резултат, меѓу другото и на лошата оценка за политичкиот индикатор, односно дека е забележано „функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите“. Европскиот акт на слобода на говорот на медиумите ваквите пораки до новинарите изнесени јавно ги толкуваат како директно мешање во уредувачката политика на медиумите и притисок врз слободата на новинарите. Затоа Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја повикува претседателката Гордана Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите, а во продолжение и на кревките демократски односи во земјава“, пишува во соопштението.

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...

Пропалестинскиот активист Махмуд Калил ослободен од американскиот имиграциски притвор по повеќе од три месеци

Дипломираниот студент на Универзитетот Колумбија, Махмуд Калил, беше ослободен од американскиот имиграциски притвор, каде што беше држен повеќе од три месеци поради неговиот активизам против израелската војна во Газа, пренесува Гардијан. Калил,...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот...