fbpx

ССНМ реагира на затворањето на дописништвата на МИА во Брисел, Атина и Вашингтон

-

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази жалење поради одлуката на Медиумската информативна агенција (МИА) за ставање во мирување на неопределено време на дописништвата во Брисел, Атина и Вашингтон, како и за најавите за непродолжување на договорите за соработка на дописниците од другите европски градови.

Од ССНМ сметаат дека не смее да биде дозволено државна новинска агенција како што е МИА да нема свои дописници во едни од најважните главни градови во светот, особено во период на комплицирани и предизвикувачки меѓународни односи.

„Свесни сме за економската криза, односно за мерките за штедење кои беа наметнати на државните институции и претпријатија, меѓутоа се надеваме дека ќе се направат напори и ќе се изнајдат начини во најкус можен рок дописништвата да не престанат со работа“, стои во реакцијата на ССНМ.

Од Синдикатот потенцираат дека е особено важно македонските граѓани да бидат објективно и навремено информирани директно од новинари кои се на местото на случувањата, особено за процеси како што се пристапувањето кон Европската Унија (ЕУ), како во Брисел, така и во другите главни градови на земјите-членки на ЕУ.

„Со ваквата одлука на МИА предизвикана од одлуката на Владата за штедење директно се влијае и на несигурноста на работните места на новинарите и медиумските работници, но и врз стандардите и нормите за објективно и професионално известување за случувањата во светот“, реагира Самостојниот синдикат, од каде ја повикаа Владата, како основач на МИА и контролор на нејзината работа, да води грижа за присутноста на државната новинска агенција во важните светски центри.

МОН: Запишувањето вонредни ученици во медицинските училишта се става во мирување

Сите јавни средни училишта во државата кои имаат добиено верификација за изведување на настава од здравствена струка се известени дека запишувањето на вонредни ученици се става во мирување, почнувајќи...
Download Nulled WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download redmi firmware
Download Premium WordPress Themes Free
udemy paid course free download