fbpx

ССНМ: Основниот суд-Скопје 1 констатира дека телевизија Телма не го прекршила изборниот молк

-

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ja поздравува одлуката на Основниот суд – Скопје 1 со која се констатира дека телевизија Телма не го прекршила изборниот молк, врз основа на прекршочната пријава поднесена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) .

„Иницираната постапка од АВМУ против Телма, ССНМ го смета за класичен пример на притисок врз објективното и професионалното информирање. Непријатно сме изненадени што АВМУ препозна кршење на изборниот молк и прикриена кампања во телевизиски прилог што се однесува на застрашувачките размери на епидемијата со Ковид-19. Пренесување на изјавата на, во моментот, најкомпетентната личност за справување со епидемијата, актуелниот министер за здравство Венко Филипче, никако не може да се смета за политичка или партиска кампања, туку како покривање на прашањата што се од највисок јавен интерес, а тоа е и суштината на професионалното и објективното информирање,“ велат од ССНМ.

Од таму додаваат дека „примерот на Телма, кој се појавува како последица на слободното толкување на членовите на изборниот законик што заговараат сериозна рестрикција во правилата на информирање во време на изборниот молк, доволно сериозно укажува дека ваквите законски решенија можат сериозно да ги нарушат приоритетите во јавниот интерес, особено во ситуации на елементарни непогоди и зарази како што е сега случајот со епидемијата на ковид-19.“

„Во таа насока, сметаме дека е крајно време да се размисли за промена на изборниот законик во овој рестриктивен дел, каде што политичката кампања и партиска агитација јасно ќе биде издиференцирана од прашањата од поширок јавен интерес, сѐ со цел граѓаните целосно да бидат информирани, а медиумите и новинарите да бидат заштитени од паушалното и волунтаристичко толкување на законските одредби,“ се додава во соопштението на ССНМ.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...