fbpx

ССНМ објави конкурс за новинарската награда „Роберто Беличанец 2019“

-

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) отвори повик за конкурирање за годишната награда „Роберто Беличанец“ за 2019 година. Наградата се доделува „за медиум-промотор на новинарството како јавно добро“.

Признанието ќе се додели на медиумот кој ги задоволува следниве критериуми: континуирано чувство за општествена одговорност, третирање на новинарството како јавно добро преку залагање за слобода на изразување, придржување до кодексот на новинари, третирање на теми од јавен интерес… како и коректен однос кон вработените – почитување на нивните работнички и професионални права.

Комисијата за избор на добитник на оваа награда номинации ќе прима до 27 октомври, а новинарите и медиумските работници номинациите може да ги испраќаат по електронска пошта на [email protected] или на фејсбук-страницата на ССНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...