Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) отвори повик за конкурирање за годишната награда „Роберто Беличанец“ за 2019 година. Наградата се доделува „за медиум-промотор на новинарството како јавно добро“.

Признанието ќе се додели на медиумот кој ги задоволува следниве критериуми: континуирано чувство за општествена одговорност, третирање на новинарството како јавно добро преку залагање за слобода на изразување, придржување до кодексот на новинари, третирање на теми од јавен интерес… како и коректен однос кон вработените – почитување на нивните работнички и професионални права.

Комисијата за избор на добитник на оваа награда номинации ќе прима до 27 октомври, а новинарите и медиумските работници номинациите може да ги испраќаат по електронска пошта на ssnm.info@gmail.com или на фејсбук-страницата на ССНМ.