ССНМ бара да се исплатат неисплатените плати на вработените во МПМ

-

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) го поддржува барањето на поранешните вработени во „Медија принт Македонија“ за исплаќање на неисплатените плати и хонорари, кои се уставно гарантирано право на секој работник.

Поради сомневањата за криминално работење, ССНМ во јуни годинава, поднесе кривични пријави против сопственикот и директорот на компанијата, Срѓан Керим, и управителката Јана Станисављева, за злоупотреба на службената положба и овластување, затоа што свесно и со умисла го разнебитувале имотот на компанијата за да ги згаснат медиумите во сопственост на МПМ.

„Дополнително за односот на менаџментот кон своите некогашни вработени говори и фактот што, додека во јавноста се презентираа информации дека компанијата кубури со пари и затоа платите на вработените доцнат со месеци, истовремено, на еден од управителите на фирмата била исплаќана месечна плата во висина од неколкугодишна просечна новинарска плата. За згаснувањето на весниците и на интернет-медиумите на компанијата, ССНМ смета дека главен виновник е менаџментот на компанијата кој наместо да дозволи на вработените, новинарите професионално да ја работат новинарската работа како во сите демократски општества, се одлучи да им слугува на политиката и на политичките афилијации на менаџментот“, велат од ССНМ.

Од Синдикатот ги повикаа надлежните институции да го решат случајот и да се исплатат заостанатите плати на речиси 400 вработени во изданијата на компанијата.

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани...