ССМ поднесе кривична пријава против Ременски

-

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Живко Митревски, поднел кривична пријава против министерката за труд и социјална политика од СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски, и против пет други лица за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според Митревски, врз основа на фалсификуван документ за донесена одлука од наводно одржана седница на Советот на ССМ, Ременски донела решение за негова смена од претседателското место.

Митревски вели дека се работи за заговор, обид за пуч и за невиден преседан во историјата на синдикалното организирање во Македонија.

– Техничката министерка Фросина Ташевска-Ременски во координација со четири претседатели на гранкови синдикати, направи обид за пуч и за насилна промена на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија и на раководството на ССМ, што е историски скандал од невидени размери, спротивно на основните демократски вредности и на меѓународните стандарди за автономност во синдикалното дејствување. Незаконското и кривично поткопување на органите во ССМ беше спроведено со користење фалсификувана и некомплетна документација – рече Митревски.

Митревски поднел кривични пријави и против вработен во ЈП „Комуналната хигиена“, кој го потпишал документот, и против четворица претседатели на гранкови синдикати.

Тој од Ременски побара оставка од министерската функција.

Трамп се закани со царина од 25 oтсто за телефоните на Епл и Самсунг кои не се произведени во САД

Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за iPhone телефоните доколку не се произведени во САД, бидејќи го засили притисокот врз Apple да го изгради својот потписен...

Основнотото јaвно обвинителство ја обжали одлуката за куќен притвор за Васев и за Нухи

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајца обвинети во предметот “Онкологија”, соопштија денеска оттаму. „Јавниот обвинител е незадоволен од...

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе биде причина...

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите браќа го...

Трамп се закани со царина од 25 oтсто за телефоните на Епл и Самсунг кои не се произведени во САД

Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за iPhone телефоните доколку не се произведени во САД, бидејќи го засили притисокот врз Apple да го изгради...