Вредноста на минималната синдикална кошничка за мај 2026 година во Македонија достигнува 68.743 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија. Ова претставува мало намалување од 54,00 денари во споредба со минатиот месец.

Според објавените податоци, структурата на месечните трошоци за едно семејство вклучува најголемо учество за храна и пијалоци односно 25.475 денари или 37 отсто.

Кога станува збор за трошоците за изнајмен стан од 60 квадратни метри, синдикалната минимална потрошувачка кошничка за мај се искачува на 84.117 денари.