fbpx

ССМ бара заболените од ковид-19 и работниците во изолација да добијат цела плата

-

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара работниците заболени од ковид-19, работниците кои се во изолација или во самоизолација поради изложеност на ковид– 19, да им биде исплатен надомест на плата за боледување, односно надомест за професионално заболување во висина од 100 проценти.

„Во изминатиот период, сведоци сме дека голем број на работници не по нивна вина, или се заболени од ковид–19, или се во изолација или самоизолација поради контакт со друг работник кој бил изложен на заразната болест, дали на работното место или при превоз до и од работното места. Од тие причини потребно е Владата, веднаш преку носење на Уредба да го регулира статусот на тие работници и да спречи исплата на плата пониска од 100 проценти како надомест на плата за боледување односно за време на привремена неспособност за работа,“ се вели во соопштението од ССМ.

Од ССМ сметаат дека со ваквата Уредба ќе се спречат сите несовесни работодавачи да ги кршат правата на работниците во тие исклучително сложени и тешки моменти за нив, а со тоа ќе се обезбеди и сигурност на платата и егзистенција на работниците се со цел наминување на таквата состојба.

„Потсетуваме дека обврска на сите нас е да ги зачуваме здрави работниците, бидејќи само здрави работници, можат да ја вратат економијата на здрави нозе. Дополнително, укажуваме дека реагиравме на појави во одредени компании кога работодавачите иако добиле субвенции од државата во висина од 14.500 денари по работник за исплата на платата, на работниците им исплаќаат понизок износ на плата од она коешто го добиле како помош, а има и такви компании кои иако земале државна помош воопшто не исплатиле плати на работниците,“ се додава во соопштението.

Од ССМ сметаат дека Управата за јавни приходи потребно е веднаш да информира кои компании, корисници на финансиската помош, исплатиле плата пониска од 14.500 денари на работниците, поради тоа што таа државна помош ќе биде враќана преку даноците кои ги плаќаат токму работниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...