fbpx

ССМ бара да се почитува препораката за ослободување од работа поради корона вирусот

-

Сојузот на синдикати на Македонија апелира работодавачите во јавниот и приватниот сектор да ги почитуваат препораките од Владата и еден од родителите кои имаат деца до 10 години да биде ослободен од работа.

„Апелираме до надлежните во Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд, секое непочитување на оваа препорака веднаш да биде санкционирано, а секоја појава на спречување на работник кој е родител на дете до 10 години и за кое е неопходна домашна грижа да биде веднаш спречена,“ се вели во денешното соопштение од ССМ.

Оттаму истакнуваат дека ќе интервенираат за секоја добиена информација каде не се почитуваат препораките.

„Во услови на зголемена опасност од  ширење на Ковид-19 (корона вирусот), предлагаме оваа мерка во делот на оправданото отсуство од работа во периодот предвиден со заклучоците и препораките од Владата, да биде регулирана и уредена со брзи измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и Општиот колективен договор за јавниот сектор во кои ќе биде предвидено дека работникот има право на платено отсуство во случаи кои ќе бидат утврдени од страна на Владата и Министерството за здравство со заклучоци, мерки и препораки и што ќе биде задолжителено за работниците и  работодавачите од јавениот и приватениот сектор,“ се додава во соопштението на ССМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...