ССКМ: Петтиот пакет на економски мерки да се донесе во јануари

-

Од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) апелираат Владата да го донесе петтиот пакет на економски мерки во јануари, со цел да се обезбеди предвидливост и сигурност што е важно за планирање на активностите на економските субјекти во претстојниот период.

Според ССКМ, неопходно е и да се подобри динамиката на имплементација на мерките од четвртиот пакет, бидејќи некои од нив, како таа за државната кредитна гаранција, сѐ уште не се реализирани. Тоа е важно, за да нема прекин кај економските оператори кои немаат воопшто никакви или имаат значително намалени приходи поради рестриктивните мерки и на кои овие средства им се неопходни за да се зачуваат работните места.

Директна, таргетирана финансиска помош во следните месеци е неопходна за опстојување и покривање на основните месечни трошоци. Потребно е и да се овозможи на оние на кои им е тоа неопходно, одложување или репрограмирање на кредитите, аконтациите за даноци и другите оптоварувања, минимум до крајот на годината“, соопштуваат од ССКМ.

Додаваат дека, економските мерки за поддршка на стопанството и намалување на штетните последици од кризата треба да имаат континуитет, бидејќи само така може да се одржи економската активност на што поголем број правни субјекти и да се избегне загубата на работни места.

„Продолжување на финансиската помош за исплата на плата, неповратната финансиска помош како и бескаматните кредити се приоритетните мерки кои реалниот сектор очекува да продолжат и да траат најмалку до април. Во анкетата на ССКМ, деловните субјекти бараат петтиот пакет на економски мерки да содржи мерки за одржување на ликвидноста, за даночно олеснување и одложување на даночните обврски, како и субвенции за задржување на вработените“, соопштија од ССКМ и најавија дека до Владата ќе ги достават предлозите од претпријатијата за петтиот пакет на економски мерки.

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат функцијата со...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат...