fbpx

ССК за прв пат во Македонија со дигитализација на сертификат за потекло

-

Сојузот на стопански комори на Мaкедонија (ССК) стартува со дигитални сертификати за потекло за прв пат во нашата држава. Електонско издавање на Сертификат за потекло за компаниите ќе значи заштеда на време, средства и подобрување на сигурноста за веродостојност.

До сега, сертификатот за потекло кој претставува меѓународен трговски документ што се користи за да се одреди потеклото на стоките за службени, комерцијални и финансиски потреби при извоз, се издаваше исклучиво во хартиена форма со пропратна документација.

Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, во своето обраќање истакна дека дигитализацијата на деловните процеси е во функција на подобрување на услугите кои ги нуди Сојузот за компаниите во функција на зголемување на продуктивноста и конкурентноста на деловната заедница.

„Досегашниот процес на хартиено издавање на сертификатот одземаше драгоценo време, поточно подигнување на документација, пополнување од страна на компаниите и повторно доставување за верификација. Сегашната процедура ќе се одвива електронски во целина, со што се скратува значително од времето за администрирање на сертификатите, се заштедува не само време, туку и трошоци за пaтување од и до местото на издавање, а дополнително се зголемува транспарентноста на севкупниот процес“, истакна Арсовска и додаде дека електронскиот сертификат за потекло е средство за олеснување на трговско опкружување и е неопходен при извоз на македонските извозни компании.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...