ССК: Во сите сектори недостигаат квалификувани работници

-

Недостигот од квалификувана работна сила во македонската економија е сѐ поизразен, а дизбалансот на пазарот на труд е предизвик за стопанствениците, беше истакнато на денешната прес-конференција на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

Потпретседателот на Сојузот, Александар Милошевски истакна дека по консултација со секторските и регионалните комори, евидентирано е дека во сите сектори недостигаат квалификувани работници, особено во градежништвото, индустријата, туризмот, услужните дејности како и во приватното здравство.

„Реформите во образованието и наставните програми треба да ги следат потребите на стопанството и адекватно на тоа, да се насочува и идниот кадар кој треба да биде активен на пазарот на труд. Само на тој начин би имале систем кој функционира. Исто така, по примерот на западните земји како Германија, Австрија, едно од можните решенија е воведување на дуалниот систем на средното стручно образование или учење преку работа со системска поддршка и субвенции за учениците, кои би се определиле за таков вид образование“, истакна Милошевски.

Според анализите топ пет најбарани позиции за работа се продажба, возачи, дистрибутери, курири, кадар во угостителство, комерцијалисти и работници во магацин. По индустрии најбарани се лица за работа во индустрија за малопродажба, угостителство, ИТ, трговија и дистрибуција како и производство.

„Евидентен е недостигот на лица со насочено средно стручно образование, но и на инженери и медицински персонал. Во таа насока неопходна е професионална ориентација на учениците уште во основното образование и промоција на средните стручни училишта и занимања. Потребна е интегрирана соработка на сите општествени чинители за правилно адресирање за потребите од квалификувана работна сила, сето тоа да допре и до учениците и до родителите. Веруваме дека тоа е единствениот начинот за намалување на јазот помеѓу потребите и понудата на пазарот на трудот“, истакна Милошевски.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...