ССК: Да се гради согласно стандардни прописи, за објектите да ги преживеат земјотресите

-

Природните катастрофи, како што се земјотресите се појави кои што не може да се предвидат, но она што можеме да го предвидиме и да влијаеме е сигурноста и квалитетот на градбите, беше истакнато на денешната прес конференција на Градежната комора на Македонија во соработка со Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Сојузот на Стопански комори.

„Она што треба да внимаваат граѓаните е вклученоста на сите учесници во процесот на градење почнувајќи во делот на проектирање, надзор, изведувач и инвестирање во градежни материјали од страна на инвеститорот. Исто така, граѓаните кои планираат инвестиција потребно е да соработуваат со компаниите кои се лиценцирани, а не да купуваат од сомнителни правни лица. Апелираме дека не смее да се отстапува од квалитетно домување, со главен акцент на сигурноста, енергетската ефикасност, како и квалитетот на градежните материјали и вградената опрема. Би сакале да потенцираме дека во нашава земја,  квалитетот на градбите се на високо ниво, направени согласно сите норми и стандарди за армирано бетонски конструкции“, изјави Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора.

Тој додаде дека улогата на градежниот сектор е да гради согласно најновите технологии во Европа и светот, со воспоставени норми и стандарди како за нови градби, така и за градби кои се со дотраен квалитет каде што е потребна нивна обнова и санација.

Проф. д-р Влатко Шешов, директор на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија истакна дека земјотреси имало и ќе има, но целта е да се работи согласно стандардни прописи, за објектите да ги преживеат земјотресите.

ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж

Аеродромскиот оператор на двата македонски аеродрома – во Скопје и Охрид, ТАВ Македонија, предупредува за лажни страници и профили на социјалните мрежи преку кои наводно се продава изгубен багаж на Меѓународниот...

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен претрес ги...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж

Аеродромскиот оператор на двата македонски аеродрома – во Скопје и Охрид, ТАВ Македонија, предупредува за лажни страници и профили на социјалните мрежи преку кои наводно се продава изгубен багаж...