ССК: Без консултации со бизнис-заедницата, мерките постојано се менуваат и креираат забуни

-

Претставниците на туристичко-угостителскиот сектор, кои се дел од Kоординативното тело за превенција од можни штети од корона вирусот одржаа средба со министрите за финансии и за економија Нина Ангеловска и Крешник Бектеши.

На состанокот од страна на надлежните беа презентирани новите економски мерки и условите за мерката 14.500 денари финансиска поддршка по вработен, новата линија бескаматни кредити, а дополнително се дискутираше и за состојбата во секторот.

Мартин Ангеловски од Групацијата на угостители во Туристичко-угостителската комора при ССК, истакна дека она што изостанува е континуитет во информациите и дискусија со претставниците од секторот пред да се донесат мерки.

„Во овие кризни времиња и носење на економски мерки за најпогодениот сектор угостителството, неопходно е консултациите и ваквите состаноци да се прават пред да се донесат мерките. По заклучокот од состанокот во Министерството за финансии пред три недели, доставивме мерки кои сметавме дека во голем дел ќе влијаат за ублажување на последиците од корона кризата, за секторот кој со Уредба од владата беше затворен, се со цел превенција од вирусната инфекција. Дел од нашите предлози беа и јавно изнесени, би ги издвоил минимална бруто-плата за вработените, можност за субвенција на закупнини во висина од 50 отсто од склучените договори, времено одложување на обврските за режиски трошоци и даночни одложувања. По однос на овие наши доставени барања, до денес се уште нема официјален одговор,“ изјави Ангеловски, пренесувајќи го ставот на угостителите од сите градови во земјата.

Тој додаде дека со цел да се измери ефектот од кризата врз работењето, на членовите во Сојузот на стопански комори како и угостителите од сите градови, спроведено е истражување, кое ќе биде  дополнително објавено, со особен акцент на два клучни параметри кои ја отсликуваат реалната состојба во секторот.

Секторот угостителство вработува повеќе од 29.000 граѓани, при што во Туристичко- угостителската комора на Македонија здружено делуваат претпријатија од сите градови во земјата кои ги застапуваат секторите туризам, угостителство и пропратни услужни дејности.

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Скулптурата „Отровни стрели“ поставена на скверот кај Порта Буњаковец

На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени...