Српските туристи искористиле 84.000 картички за бесплатна патарина кон Грција

Фото: Мета.мк

Околу 84.000 бесплатни електронски картички за плаќање патарина искористиле српските туристи што транзитираа низ државава на патот кон Грција. Нивната вредност изнесувала околу 1,2 милиони денари.

На 15 август беише двомесечен јубилеј, кога на граничниот премин Табановце српските туристи почнаа да добиваат бесплатни М смарт-картички за да ги преминат патарините низ нашата држава по коридорот 10, како благодарност за отстапените бесплатни вакцини и вакцинација на нашите граѓани во Србија.