Фоото: Фејсбук профил Н1 ТВ

Српските телевизии „Н1″ и „Нова С” од полноќ не емитуваат редовни програми, а на екранот на црна заднина е испишана пораката „Мрак во Србија без слободни медиуми”. Сепак, нивните портали работат без прекин.

Пораката е споделена и на профилите на овие телевизии на социјалните мрежи, но во веста која ја објави „Н1″ наведено е дека наскоро ќе бидат објавени дополнителни инфмации.

Пратениците од опозицијата во српското Собрание на денешната седница ги поддржаа телевизиите „Н1″ и „Нова С” со тоа што станаа и држеа црни листови со натпис: „Мрак во Србија без слободни медиуми“.