Фото: Sara Melo Gago on Unsplash

На вчерашната 60. седница на Советот на Општина Охрид, советниците донесоа одлука за време на летната сезона, гостите со српски и со турски сообраќајни регистерски таблички, да бидат ослободени од плаќање на јавен паркинг, објави Општината.

Ваквата одлука беше најавена при посетата на Белград на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, како благодарност до Србија за поддршката на државата во процесот на имунизација на македонските граѓани против ковид-19.

Според одлуката на советниците, сите туристи кои ќе пристигнат во Охрид со сопствени возила, а имаат регистарски таблички од Србија, односно од Турција, нема да плаќаат паркирање на јавните површини и на паркиралиштата во градот со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“. За туристите од Србија претходно беше најавено и дека ќе бидат ослободени од наплата на влез и во некои културно-историски локалитети и објекти во Охрид.