fbpx

Српскиот претседател Вучиќ тужеше новинарки, па ја повлече тужбата

Во тужбата, Вучиќ изјавил дека обвинетите „му предизвикале тешки душевни болки и страдања“ и му го повредиле „високиот углед и чест“

-

Српскиот претседател Александар Вучиќ тужеше новинарки за две емисии од познатата документарна серија „Владетел“, која се емитуваше во 2020 година на телевизијата N1.

Дводелниот документарен серијал „Владетелот“, на авторскиот тим составен од Славиша Лекиќ (автор), Јована С. Полиќ (режисер) и Сања Лончар (монтажер), ја прикажува турбулентната политичка биографија на Александар Вучиќ и како што се наведува, неговата долгогодишна политичка доминација во Србија.

Во тужбата, Вучиќ изјавил дека обвинетите „му предизвикале тешки душевни болки и страдања“ и му го повредиле „високиот углед и чест“.

Шефот на државата тврди дека чувствувал страв од висок интензитет, бидејќи серијата „Владетелот“ претставувала еден вид медиумски напад врз претседателот на Србија“, јавува ТВ продукцијата ЈСП која стои зад оваа серија.

Рочиштето за судењето беше закажано за 11 април оваа година, но Вучиќ денеска изјави дека нема да има тужби против новинарите и продуцентите кои во филмот „Владетелот“, како што рече тој, ги изнеле „најлошите невистини против него и неговото семејство“.

Тој во видеото објавено на неговиот Инстаграм профил вели дека тужбата е поднесена од адвокат по општа наредба и дека ќе биде повлечена.

„Утрово ме известија дека според мојата тужба е закажано судење за некои новинари, продуценти за навредите што ми ги упатија во филмот „Владетелот“ каде негативно сум опишан како криминалец, секакви работи. Никогаш во последните 11 години не сум поднел тужба против новинар, па дури и некој да се нарече новинар, тоа го направил адвокат по општа наредба, а во истиот момент тој ќе ја повлече таа тужба, бидејќи јас не го правам тоа“, рече Вучиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...