Премиерот на Србија Милош Вучевиќ на прес-конференција во Владата на Србија соопшти дека поднесува оставка.

Тој изјави дека политичарите треба да ја прифатат одговорноста и да покажат дека се подготвени да ги смират тензиите во општеството.

„Она што остава длабоки последици за општеството е поделбата. Ова беше апсолутно обмислено од странство и го погоди образованието“, рече Вучевиќ во вонредното обраќање.

Вучевиќ синоќа изјави дека е подготвен да разговара со претставници на академската заедница за да се најде излез од актуелната состојба во државата и додаде дека со нетрпение ја очекува закажаната седница на Собранието.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот Милош Вучевиќ и претседателката на Собранието Ана Брнабиќ вчера одржаа прес-конференција на која зборуваа за барањата на студентите.

Претседателот побара итна реконструкција на Владата.