fbpx

Српскиот министер Златибор Лончар се фали со транспарентност, а локалните власти молчат

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Лажните информации од српскиот државен врв не стивнуваат. Нов пример за тоа е изјавата на министерот за здравје Златибор Лончар, кој даде невистинита изјава дека локалните штабови секојдневно даваат информации за состојбата со новиот корона вирус, пишува српскиот сервис за проверка на фактите и за борба против дезинформациите Istinomer.rs.

Сервисот ја оценуваше изјавата на Лончар дадена на 21 април.
„Секој локален штаб можете да го видите секој ден, на секоја телевизија дава информации за состојбата во својот регион… Штабовите апсолутно им излегуваат на сите во пресрет и сакаа да даваат информации, што и го прават секој ден. Што е лесно проверливо“, рече Лончар.

Но Istinomer.rs потсетува дека на почетокот на април Љиљана Стојановиќ, главна и одговорна уредничка на порталот „Jugpress“ за сервисот изјавила дека не добиваат информации од институциите, а она што ќе го дознаат од Белград, се сведува само на бројки.

И новинарите во Ваљево се соочуваат со истиот проблем. Според зборовите на Дарија Ранковиќ, главна и одговорна уредничка на порталот „Kolubarske” за Istinomer.rs вели дека информации добиваат, евентуално, три медиуми блиски до градоначалникот.

Јованка Маровиќ, главна и одговорна уредничка на „Глас Шумадијеe“ пак за сервисот за проверка на факти објаснила дека од почетокот на неговиот мандат градоначалникот на Крагуевац, Радомир Николиќ“, не разговарал со новинарите, освен кога гостува на РТВ Крагуевац, локална телевизија што ја финансира градот, преку субвенции од буџетот.

Слична е состојбата во Ужице, Суботица, Вршац, Бор, Смедерево… Поради што изјавата на министерот Лончар е невистинита, пишува Istinomer.rs.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...