fbpx

Српската РТС се загуби во календарот: ВМРО-ДПМНЕ избра претседателски кандидат

-

Српскиот јавен радиодифузен сервис РТС вчеравечер на својата веб-страница објави вест за вчерашниот разговор на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на кој се договориле двата партнера од владејачката коалиција на претседателските избори на 21 април да излезат со заеднички кандидат.

Оваа информација на РТС jа презедоа повеќе портали, без проверка.

Пренесувајќи што пишуваат македонските медиуми за можниот кандидат, РТС прави обид да објасни што се случува со опозицијата, па пишува и дека се очекува деновиве ВМРО-ДПМНЕ да го објави името на својот претседателски кандидат – и со тоа прави огромна грешка. Имено, најголемата опозициска партија веќе го избра својот кандидат  – на 16 февруари, на конвенцијата во Струга, кога беше избрана универзитетската професорка Гордана Силјановска – Давкова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...