Српската полиција влегла во две граѓански организации, таблоидите биле побрзи

Претходно денеска се огласи и организацијата Граѓански иницијативи, која потврди дека утрово во нивните простории упаднале дваесетина полицајци од Управата за криминалистичка полиција, кои рекле дека имаат налог од Обвинителството за проверка на работата на организацијата, но не сакале да покажат налог за претрес

-

Полиција денес влегла во канцеларијата на Центарот за истражување, транспарентност и отчетност (ЦРТА) во Белград, Србија, пренесе Н1.рс, повикувајќи се на извори од ЦРТА.

„Со цел да престанеме со дезинформациите, потврдуваме дека полицијата денес дојде во нашата канцеларија и ЦРТА целосно соработува со државните органи“, наведоа од организацијата во објава на социјалната мрежа „Х“.

Од таму, сепак, го поставуваат прашањето „како таблоидите ја објавија таа информација уште пред да дојде полицијата во нашата канцеларија?“.

Од невладината организација велат дека до дополнително известување на јавноста ќе се обраќаат исклучиво преку нивните канали на социјалните мрежи.

Претходно денеска се огласи и организацијата Граѓански иницијативи, која потврди дека утрово во нивните простории упаднале дваесетина полицајци од Управата за криминалистичка полиција, кои рекле дека имаат налог од Обвинителството за проверка на работата на организацијата, но не сакале да покажат налог за претрес.

Главниот јавен обвинител на белградското јавно обвинителство Ненад Стефановиќ изјави дека е наредено да се земе целата документација поврзана со донации на УСАИД од четири невладини организации во Србија, како и да се спроведат разговори со одговорните лица на тие организации во врска со околностите на трошењето на средствата од донациите, како и да се истражи дали постоела обврска за известување на донаторите за наменското трошење на средствата.

ИзворН1.рс

Светот се збогува со папата Франциск: Неговиот последен велигденски говор повикуваше на мир, сочувство и солидарност

Папата Франциск почина денеска (понеделник 21.04.2025 г.) на 88-годишна возраст, само ден по неговото последно појавување на балконот на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде што одржа обраќање по повод Велигден. Неговата...

Студентите во Белград седма вечер ја блокираа РТС

Од минатиот понеделник во 22 часот српски студенти во блокада и граѓани кои ги поддржуваат, ја оневозможуваат редовната работа на Радио-телевизија Србија со блокади пред влезот на медиумот во Белград во...

Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник

Жител од скопско Танушевци е лишен од слобода поради превезување стока без документација, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснија, завчера околу 19:20 часот во селото Побожје, општина Чучер...

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по...

Светот се збогува со папата Франциск: Неговиот последен велигденски говор повикуваше на мир, сочувство и солидарност

Папата Франциск почина денеска (понеделник 21.04.2025 г.) на 88-годишна возраст, само ден по неговото последно појавување на балконот на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде што одржа обраќање по...