Српската полиција физички се пресмета со студентите во Нови Сад

Студентите и граѓаните го блокираа влезот на факултетот за спорт, спречувајќи го деканот Патрик Дрид да влезе во објектот. Полицијата употреби сила за разбивање на блокадата, а според присутните, имало и употреба на бибер-спреј и пендреци

-

Денеска пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад ескалираше тензијата кога група студенти во блокада и граѓани кои протестираат веќе подолг период, го блокираа влезот на факултетот, спречувајќи го деканот Патрик Дрид да влезе во објектот.

По неуспешниот обид да влезе во зградата, Дрид повика полиција, по што на терен пристигнаа припадници на интервентната единица и жандармеријата. Според сведочењата на присутните, полицијата интервенирала повеќе пати, применувајќи сила врз демонстрантите, а притоа биле користени пендреци и бибер-спреј. Неколку студентки биле повредени во судирите, но досега нема официјални информации за бројот на повредени ниту за евентуални приведувања.

Протестот пред факултетот е дел од пошироки студентски активности и најмасовните протетси во поновата српска историја што се организираат зминатите шест месеци по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад кога загинаа 16 луѓе. Меѓу загинатите имаше и еден македонски граѓанин.

Студентите во моментов организираат штафетен маратон кон Брисел, како симболичен гест за привлекување меѓународно внимание на нивните барања. Една група студенти утрово тргна од Вараждин кон Марибор, додека друга група пешачи од Јагодина кон Нови Сад, во знак на протест.

Деканот Патрик Дрид, во изјава за телевизијата Н1, тврдеше дека најголемиот број студенти сакаат нормално да полагаат испити, но дека мала група „блокатори“ спречува и студенти и професори да пристапат до факултетот. Според него, студентскиот пленум кој го организира протестот „не постои“ и е „измислена форма на организирање“.

И додека Дрид инсистира на нормализирање на наставниот процес, студентите остануваат решени да продолжат со протестите барајќи одговорност и поголема поддршка за своите барања. Атмосферата останува тензична, а се очекуваат дополнителни собири и активности во наредните денови.

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Шест бугарски државјани беа осудени на затвор од страна на Кралскиот кривичен суд во Лондон (Old Bailey) поради шпионажа во корист на Русија, со што, според британските власти, сериозно ја загрозиле...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската...