Српската фирма Studio Mad Head Games ја направи играта Scars Above што делува како високобуџетна игра

Scars Above скриншот од играта на Steam

Српската фирма Studio Mad Head Games ја направи играта Scars Above што делува како високобуџетна игра. Во Србија во последниве неколку години правењето компјутерски игри преку специјализирани фирми стана тренд. Сè почна со игрите за мобилни телефони па прерасна во сериозни студија со ентузијасти кои напорно работат. Плодот на таа работа е виден во најновата игра од Србија која може да се спореди со најновите светски наслови во оваа индустрија -играта Scars Above.

Играта се игра и на PC и на PS и на Xbox. Главната хероина Kate Ward премногу наликува на најновите помлади верзии на Lara Croft од Tomb Raider, а вселенските одела и ранци за техно гаџети и оружја што ги носи во играта многу потсетуваат на ваквата опрема во Mass Effect серијалот.

Во самата игра сте ставени на друга планета каде како научник имате своја технологија за скенирање и преработување на примероците од фауната-после битки со чудовишта од секаков вид – со цел да развивате нови технологии за поразновидни оружја за да се снајдете и преживеете во новата околина. 

Битките во играта се најчесто со пукање и имаат инвентивни механики. На пример можете да замрзнете водени површини со вашата мултифункционална пушка и да трчате по нив, а исто така можете и да ги замрзнувате непријателите. Имате и пламенофрлач и голем број на различни опции за борба со пукање, забавување на непријатели и секакви гејмплеј механики во комбатот. 

Играта има и аспекти на  Souls like игра односно оживувате на „чекпојнти“ ако загинете, а приказната нуди и научно објаснување како се случува тоа оживување и зошто. Искуството го собирате од предмети кои ги истражувате, а не ви се „качува левел“ со убивањето чудовишта. Има и борби од блиску во кои ви се троши „стамина“, но повеќе е базирана играта на пукање во витални точки на непријатели што најчесто се светлечки спори на телото од инфестираните креатури. Дизјанот на чудовиштата е интересен и глумењето со глас во играта е врвно сработено, додека самите нивоа иако се солидно направени имаат сличности со други вакви игри. На пример, првите нивоа се многу слични на оние во играта Returnal

Приказната е интересна и е доста работено на тоа да биде добро направена како навистина поткована приказна од жанрот на научна фантастика. Играта е веќе достапна да се купи на Steam.