Педесет и седум годишен Тетовец подолго време вознемирувал 18-годишна девојка, поради што е лишен од слобода, информираат во СВР Тетово.

„Вчера во 12:10 часот на улица „Јадранска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.И. (57) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека подолг период следел, вознемирувал и снимал со мобилен телефон 18-годишна девојка од Тетово. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, се наведува во информаицјата од СВР Тетово.