fbpx

Средношколците од „Орце Николов“ ги поддржуваат професорите штрајкувачи

-

Горди сме што нашето училиште е едно од неколкуте во државата што одлучи да се спротивстави на слепиот конформизам на Министерството за образование, велат средношколците од гимназијата „Орце Николов“ преку писмо упатено до нивните професори кои се вклучени во штрајкот на СОНК.

„Ни помогнаа кога најмногу ни беше потребно и сега дојде и нашиот ред. Немајќи страв да го искажеме нашиот став, јавно ги поддржуваме нашите професори да продолжат со нивните намери. Ужаснати сме од тоа дека на нашите професори им се бараат соодветни замени, кои можат да останат трајни доколку нашите професори не го прекинат штрајкот. Само ние ја знаеме загубата што ќе ја претрпи оваа земја доколку професорите се заменат. Ниеден професор од „Орце“ не може да се замени со кој било друг професор“, се вели во писмото.

Средношколците велат дека доколу се донесат нови професори во гимназијата, тие ќе поднесат барање за нивно враќање и ќе ја бојкотираат наставата.

„Доколу бидат донесени нови професори, од наша страна ќе биде поднесено барање за нивно враќање. Во случај на негативен одговор, ќе пружиме отпор со непосетување на наставата кај новите професори. Исто така, ја користиме можноста да ги охрабриме останатите професори што не протестираат, да се солидаризираат со нивните колеги за заедно да продолжат во борбата за нивните права“, велат средношколците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...