fbpx

„Средношколски пленум“: Груевски ја урна секоја шанса за дијалог

-

Од „Средношколски пленум“, по изјавата на премиерот Никола Груевски дека „партиски пленуми ги охрабруваат учениците да протестираат против проверката на знаењето“, велат дека се згрозени од фактот што премиерот јавно ги обоил партиски и што ги нарекол „катастрофа за општеството“, со што ја уранал секоја шанса за дијалог.

„Почитуван премиере, крајно понижувачкиот однос кон нас и непоткрепените факти, небулозните лаги и компарации што ги изнесовте во врска со нашето образование, докажува дека никој друг освен Вие не се обидува да стекне политички поени врз нашиот грб. Да, битката меѓу Вас и нашиот пленум е политичка, но никако не е партиска. Сакаме да им укажеме на сите дека колку и да сте премиер на републиката, колку и да сте на повисоко дереџе од нас, никој, па дури ни Вие не нè нарекува нас, иднината на земјава, „катастрофа“, јавно не ги врбува нашите професори и родители, а уште помалку си дозволува партиски да нè обои. Искрено жалиме што нашата побуна Ве преплаши и Ве загрижи, но требаше да знаете дека тоа е вообичаено кога некој се обидува да направи експериментални глувчиња од млади луѓе со здрава, развиена и критичка мисла“, велат од „Средношколски пленум“.

Вчера премиерот Груевски во обраќањето во Македонскиот народен театар по повод Денот на независноста рече дека е загрижувачки отпорот на дел од народот кон знаењето и учењето, а формирањето партиски пленуми и охрабрувањето на учениците наместо да учат, да протестираат против проверката на знаењето, е катастрофа за општеството.

– Екстерното тестирање во училиштата се воведе откако во државата повеќе од една и пол деценија бевме сведоци на необјективно оценување кај огромен број наставници и ученици. Причините за тоа се многубројни. Коренот е во атмосферата што се изгради во транзицијата, уривањето на основните морални вредности и појавата на новопечени богаташи кои преку ноќ се збогатија и недоволно посветеното време кон своите деца сакаа и почнаа да го заменуваат со притисоци кон наставниците да им пишуваат највисоки оцени на нивните деца, независно какво е нивното знаење – рече премиерот Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...