Петнаесетгодишник заврши во полиција откако вчера влегол во основно училиште и со нож пробол негов врсник со што му нанел тешки телесни повреди, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Вчера во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15 годишник, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15 годишен ученик во училиштето. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во соопштението од МВР.