fbpx

Средба Заев – Орав: На Македонија ѝ се потребни демократски избори

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката Радмила Шекеринска и ос генералниот секретар Оливер Спасовски, денеска се сретна со евроамбасадорот на ЕУ во земјава, Аиво Орав.

„Претседателот Заев му се заблагодари на амбасадорот Орав за неговите заложби за обновување на демократските процеси во Македонија и особено за неговата ангажираност во напорите за разврска на длабоката политичка криза во Македонија. На средбата е заеднички констатирано дека следните предвремени парламентарни избори мора да бидат регуларни и тие избори, за кои е потребно да се испочитуваат роковите и да се одржат според предвиденото во декември, се сериозен предизвик за Македонија, дали ќе зачекори кон стабилна иднина. Спротивната опција е непосакувана и ризична и за граѓаните и за државата од секој аспект“, стои во соопштението од партијата.

– Иднината на Македонија е во Европската Унија и во НАТО и СДСМ ќе направи сè да ја врати земјата на демократскиот колосек. Прв чекор се регуларни избори во декември на кои граѓаните преку слободно изразена волја ќе изберат кому ќе му дадат довербата да ја води државата. На таквите избори, убедени сме дека честа и одговорноста ќе ја добие СДСМ, кој ќе го обнови разурнатиот државен систем, ќе ги постави институциите на здрави темели, ќе ја врати довербата на граѓаните во нив, ќе обезбеди правдата да важи за сите, а преку реалната економска програма ќе го подигне животниот стандард на граѓаните и стопанството и ќе го трасира патот на Македонија каде што ѝ е местото, до развиените демократии, а не меѓу режимите како изминатите 10 години – рекол претседателот Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гете-медалот оди во Северна Македонија, во рацете на Искра Гешоска

Од 1955 година Гете-институт, еднаш годишно го доделува Гете-медалот како официјално почесно одликување на Сојузна Република Германија и е најважната награда на надворешната културна политика. Кандидатите/кандидатките се номинирани од...