Зоран Заев фото: Влада
Зоран Заев фото: Влада

Oтворено e ново поглавје во билатералните односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција и во последниве две години соработката оди во нагорна линија. Ова било констатирано на денешната средба меѓу премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со Михалис Хрисохоидис, министер за заштита на граѓаните на Република Грција.

Заев посочил дека е зголемен интересот на грчки инвеститори во нашата држава, посебно во областа на енергетиката, како што е интересот за ХЕЦ „Чебрен“, за ТЕЦ „Неготино“, но и обратно, за вклучувањето на нашата држава со 10-процентно учество во стратешкиот проект за природен гас „Александрополис“.

„Граѓаните и компаниите веќе ги чувствуваат бенефитите од зајакнатата соработка по Договорот од Преспа, а пред нас е голем потенцијал за натамошно унапредување на односите, како на политичко ниво, така и на цивилно ниво“, рече Заев.

На состанокот бил нагласено заедничкото дејствување во борбата против криминалот и корупцијата, нелегалната миграција и безбедноста на граѓаните, како и за отворањето на два гранични премина кај Преспа, Маркова Нога и Мајден, соопштија од Владата.