fbpx

Средба на министерот Оливер Спасовски со британската амбасадорка Рејчел Галовеј

-

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорката на Обединетото Кралство, Н.Е. Рејчел Галовеј денеска остварија средба во просториите на министерството, на чиј фокус била успешната соработка во однос на борбата против илегалната миграција на регионално и на меѓународно ниво, информираат од МВР.

„Притоа беше истакнато дека Република Северна Македонија, кога станува збор за борбата против илегалната миграција, преставува одличен пример како се стекнува имиџ на сериозна земја. На средбата, меѓу другото, се разговараше и за важноста од забрзување на процесите за исполнување на НАТО стандардите во институциите во земјава“, се вели во соопштението на МВР.

Двете страни во текот на разговорите ги потврдиле своите заложби за уште поинтензивна соработка во иднина на сите полиња на одржување на безбедноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...