Средба на министерот Маричиќ со британската амбасадорка Галовеј

-

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј.

Како што стои во соопштението на Министерството за правда, на средбата, министерот Маричиќ се заблагодари за досегашната поддршка на Обединетото Кралство во досегашните напори на Северна Македонија да изгради силни, транспарентни и ефикасни правосудни органи базирани на принципот на владеењето на правото.

Министерот Маричиќ истакнал дека во овој мандат ќе се фокусира на подигнување на етичките стандарди, одговорноста и транспарентноста на судството и обвинителството, како клучни предуслови за зголемување на довербата на јавноста во правосудството и изрази очекување дека Обединетото Кралство ќе продолжи со силната поддршка за реформските процеси во земјава.

 

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите на семејството...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите...