fbpx

Средба на Ковачевски со амбасадорката Дир: Целосна поддршка на Украина од Северна Македонија

-

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со Лариса Дир, новоименуваната амбасадорка на Украина во земјава, информираат од владината прес-служба.

На состанокот е изразена благодарност за навремените и конзистентни политики на Северна Македонија на линија на надворешната политика на ЕУ, во однос на ситуацијата во Украина, како и за донациите од помош за украинскиот народ.

Премиерот Ковачевски нагласил дека Република Северна Македонија најостро ја осудува руската агресија врз украинските граѓани и дава целосна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Претседателот на Владата Ковачевски изразил поддршка и за интеграциските аспирации на Украина, како демократска земја којашто припаѓа во демократските сојузи на држави.

„Заеднички е констатирано дека е неопходно Руската Федерација веднаш да ги повлече трупите од окупираните територии во Украина и да отпочнат мировни разговори. Разговарано е и за последиците од војната во Украина, коишто се рефлектираат со предизвици во снабдувањето со енергија и храна во целиот свет, како и за можностите за нивно надминување“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Ковачевски најави дека Република Северна Македонија, како држава членка во НАТО и земја којашто ги почна преговорите со ЕУ, продолжува со принципиелните политики за одбрана на мирот, поставена целосно на линија на таквите надворешни политики на НАТО и на Европската Унија.

На средбата се потврдени пријателските билатерални односи помеѓу двете држави и определбата за унапредување на економската соработка, во областа на енергетиката, инфраструктурата и туризмот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...