fbpx

Средба Ковачевски-Зеленски: Продолжуваме со поддршка на Украина во секоја форма

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се заблагодарил за поддршката која украинскиот народ ја добива од Северна Македонија, и рекол дека таа доаѓа во клучни моменти

-

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со неговиот албански колега Еди Рама имаа заедничка средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Премиерот Ковачевски беше придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, а средбата се одржа на маргините на вториот Самит на Европската политичка заедница во Кишињев.

Премиерот Ковачевски, како што се вели во соопштението од владиниот кабинет, ја истакнал силната поддршка која Северна Македонија ја дава на Украина од почетокот на воената агресија од Русија.

„Северна Македонија ја осуди бруталната воена агресија која Русија ја врши врз независна и суверена Украина. Го подржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзиното право да го трасира самостојно својот пат. Обезбедивме и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка во секоја форма која на Украина ѝ е потребна”, истакнал Ковачевски.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се заблагодарил за поддршката која украинскиот народ ја добива од Северна Македонија, и рекол дека таа доаѓа во клучни моменти.

„Не правевте калкулации, бевте покрај нас од првиот ден и украинскиот народ и ние го цениме тоа”, рекол Зеленски.

Премиерот Ковачевски потсетил дека Северна Македонија е дел од основачката група за формирање на Посебен меѓународен суд за кривичните дела од агресијата, со што државата јасно се позиционирала на вистинската страна на историјата.

„Украина е меѓу приоритетите при претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, воедно, Северна Македонија ја подржува евро-атлантската интеграција на Украина и посветеноста на политиката на отворени врати на НАТО“, се вели во соопштението на владиниот кабинет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...