fbpx

Средба Грковска-Која: Мисијата на ОБСЕ е голем поддржувач на реформските процеси за добро владеење

-

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, со кого разговараа за реформските процеси и за следните чекори и активности во контекст на нашето претседавање со Организацијата во 2023 година.

На состанокот, вицепремиерката Грковска истакна дека поддршката и соработката со Мисијата на ОБСЕ за нашата држава е од големо значење, особено во делот на искуствата и експертизата која ја добиваме при креирање на антикорупциски политики, интегритетот и доброто владеење.

Грковска ја потврди цврстата определба на Владата за посветеноста на реформскиот процес при што нагласи дека Кабинетот интензивно работи на обуките за интегритет за избраните и именуваните функционери, како и на креирање на антикорупциски политики кои ќе бидат долгорочни и одржливи. Во таа насока информираше и за процесот на подготовка на нов закон за потекло на имотот.

На средбата вицепремиерката истакна дека Северна Македонија се залага за време на претседавањето од ОБСЕ да се покрене нивото на јавна дебата за доброто владеење, борбата со корупцијата и личниот интегритет како основи за стабилни и силни демократии.

Од страна на амбасадорот Клемент Која беше нагласено дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да соработува со институциите во спроведувањето на реформските процеси.

На средбата стана збор и за соработката со Државната комисија за спречување на корупција, Бирото за јавни набавки и граѓанските организации, при што вицепремиерката Грковска информираше дека еднаш во месецот Кабинетот има средба со невладините организации кои работат на теми за антикорупција и добро владеење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...