fbpx

Средба Бајден-Џинпинг: Односите треба да се вратат на вистинскиот пат

-

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека на својот кинески колега Шjи Џинпинг му рекол оти Соединетите Американски Држави ќе ја зајакнат својата безбедносна позиција во Азија доколку Пекинг не може да ги заузда програмите за развој на оружје на Северна Кореја, пренесе Ројтерс.

Двајцата државници првпат разговараат тет-а-тет откако Бајден стана претседател, а состанокот на Г-20, кој започнува утре, ќе ги проследи и тензиите околу руската инвазија на Украина.

Бајден на прес-конференција во однос на разговорот кој траеше околу три часа рече дека тие имале разговори за широк спектар на прашања кои придонесуваат за најлошите американско-кинески врски во последните децении.

Џинпинг и Бајден срдечно се ракуваа на средбата во луксузниот хотел Мулија во заливот Нуса Дуа.

Бајден го поздрави својот кинески колега и им рече на новинарите дека е решен да ги задржи отворени линиите на комуникација на лично ниво и на ниво на неговата администрација.

„Како лидери на двете земји, ја споделуваме одговорноста да покажеме дека Кина и САД можат да ги контролираат меѓусебните разлики и да спречат ривалството да се претвори во конфликт, како и дека можеме да најдеме начин да работиме заедно за глобалните прашања кои бараат взаемна соработка“, потенцираше Бајден.

Тој изрази очекување дека двете земји ќе соработуваат за решавање на прашањата за климатските промени и несигурноста околу снабдувањето храна.

Џинпинг истакна дека двете земји мора да го трасираат својот курс, да го најдат вистинскиот пат и да го подигнат нивото на односите. Тој, исто така, рече дека сегашните односи меѓу двете земји не се во интерес ниту на Кина, ниту на САД и дека тие треба „да го пренасочат кормилото“.

Кинескиот претседател посочи и дека двете земји мора да ја разјаснат развојната насока на нивните земји и да размислат и да разјаснат како да се сложуваат со другите земји во светот.

Истакнувајќи дека неговата средба со Бајден го привлекла вниманието на светот, Џинпинг рече дека двете страни треба да соработуваат со сите земји за да донесат повеќе надеж за светскиот мир, поголема доверба во глобалната стабилност и посилен поттик за заеднички развој.

Џинпинг потенцираше дека е подготвен да има искрена и длабинска размена на мислења со Бајден за прашања од стратешко значење за Кина и САД, како и за главните глобални и регионални прашања, додавајќи дека тој исто така со нетрпение очекува да соработува со Бајден за да ги врати кинеско-американските односи „на патеката на здрав и стабилен раст во корист на нашите две земји и на светот во целина“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...